Connect with us

Кошарка

НБА: Кливленд, Денвер, Лејкерс и Њујорк поведоа во серијата до четири победи

Кошаркарите на Кливленд, Денвер, Њујорк и Лос Анџелес Лејкерс забележаа победи синоќа на стартот од плејоф серијата до четири победи во НБА лигата.

Во Источната конференција во првото коло од плејофот, Кливленд поведе против Торонто откако победи со 126-113, додека Њујорк дојде до стартна победа над Атланта со 113-102.

Во Западната конференција, Лос Анџелес Лејкерс триумфираше против Хјустон со 107-98, а во отсуство на Лука Дончиќ и Остин Ривс, домашниот тим го предводеше Лук Кенард со 27 поени. По 19 поени реализираа 41-годишниот Леброн Џејмс (со 13 асистенции и осум скокови) и Деандре Ајтон (11 скокови).

Вториот натпревар е закажан за вторник навечер по средноевропско време, повторно во Лос Анџелес.

До почетна предност на Западот дојдоа и кошаркарите на Денвер со победа против Минесота од 116-105 со трипл-дабл настап на Никола Јокиќ од 25 поени, 13 скокови и 11 асистенции.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2