Connect with us

Општини

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

„Денеска продолжува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ во општина Кавадарци, еден од најзначајните центри на агросекторот во државата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Согласно податоците на Министерството во општина Кавадарци има над 6.000 регистрирани земјоделски стопанства. Државата има над 1.500 склучено договори за над 5.000 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост“, посочи министерот.

Тој додаде дека на ниво на општина има над 7.000 хектари под лозов насад.

„Без разлика дали се работи за голема или мала општина, целта на кампањата е да се посетат сите краеви во нашата држава за да поразговараме за сите досегашни активности, за сите моментални активности. И една од поважните цели на оваа кампања е да ги слушнеме земјоделците, за во каква насока треба да се движи македонското земјоделство“, истакна министерот Трипуновски.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2