Connect with us

Кошарка

Американката Бостон потпиша рекорден договор во ВНБА

Американската кошаркарка Алија Бостон потпиша четиригодишно продолжување на договорот со Индијана во вредност од 6,3 милиони долари, што е највисок износ во историјата на женската американска професионална кошаркарска лига (ВНБА), објави денеска клубот.
Бостон со тоа го надмина неодамнешниот договор на Аја Вилсон, која потпиша тригодишен договор вреден 4,7 милиони долари со Лас Вегас, рекорд кој траеше само 48 часа.
И двата договори се резултат на нов колективен договор меѓу лигата и синдикатот на играчи, постигнат на крајот на март по речиси две години преговори.
Бостон минатата сезона имаше просек од 15 поени и 8,2 скокови по натпревар

Маркетинг
Ad 2
Ad 1