Кошарка
НБА: Орландо и Феникс во плејофот
Кошаркарите на Орландо и Феникс се последните учесници во плејофот во НБА лигата.
Орландо го освои осмото место во Источната конференција, откако со 121-90 го победи синоќа Шарлот, додека Феникс обезбеди место во плејофот на Западот победувајќи го Голден Стејт Вориорс со 111-96.
Орландо ќе игра против првопласираниот Детроит во првото коло од плејофот. Серијата започнува в недела вечер во Детроит.
Плејоф серијата во Западната конференција, кошаркарите на Феникс ќе ја почнат в недела против бранителот на титулата Оклахома.
април 19, 2026

