Connect with us

Фудбал

Барселона вложи нова жалба до УЕФА

Шпанскиот прволигаш Барселона поднесе  нова жалба до УЕФА во врска со судењето на четвртфиналните натпревари од Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид.
„Клубот смета дека за време на двата натпревари беа донесени неколку судиски одлуки кои не беа во согласност со Правилата на играта, како резултат на неправилна примена на правилата и недоволна интервенција на ВАР технологијата во важни ситуации. Акумулацијата на овие грешки директно влијаеше на текот на натпреварите и крајниот исход, предизвикувајќи значителна спортска и финансиска штета на клубот“, соопшти каталонскиот клуб.
Барселона претрпе елиминација од Атлетико Мадрид (0-2, 2-1), а каталонскиот клуб и на двата натпревари имаше исклучен фудбалер.
Во првиот натпревар, на Камп Ноу, Пау Кубарси мораше да го напушти натпреварот со резултат 0-0, додека на Метрополитано беше исклучен Ерик Гарсија
– „Со оваа жалба, клубот ги повторува барањата што претходно ги постави до УЕФА и во исто време нуди соработка со цел подобрување на судискиот систем за да се обезбеди построга, пофер и потранспарентна примена на Правилата на играта“, се наведува во соопштението на Барселона. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4