Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити ја намали предноста на Арсенал

Фудбалерите на Манчестер Сити остварија победа во дербито на 32.коло од Премиер лигата откако попладнево го совладаа Челзи на гости со 3:0. Со новите три бодови „граѓаните“ ја намалија разликата во однос на лидерот Арсенал на шест бодови и натпревар помалку. Во следното коло Манчестер Сити го пречекува Арсенал.

По изедначеното прво полувреме, на стартот од вториот дел Манчестер Сити поведе со голот на Нико О’Рајли во 51.минута. Шест минути подоцна гостите водеа со 2:0, а стрелец беше Марк Геи, додека конечните 3:0 ги постави Џереми Доку во 68.минута.

На другите три дуели одиграни денеска во Премиер лигата: Кристал Палас – Њукасл 2:1, Нотингем Форест – Астон Вила 1:1 и Сандерленд – Тотенхем 1:0.

Последниот натпревар од ова коло се игра утре од 21 часот меѓу Манчестер Јунајтед и Лидс.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1