Connect with us

Фудбал

Ливерпул за пет минути стигна до победа над Фулам

Шампионот на Англија, Ливерпул ја прекина серијата од три натпревари без победа (еден освоен бод) и попладнево го совлада Фулам на домашен терен со 2:0. Двата гола „црвените“ ги постигнаа во период од пет минути.

Младиот Рио Нгумоа по асистенцијата на Флоријан Вирц во 36.минута ја затресе мрежата на Фулам, а конечните 2:0 ги постави Мохамед Салах. Со новите три бодови остана на петото место на табелата со 52 бода и сега има четири повеќе од Челзи, а два помалку од четвртопласираната Астон Вила. Двете екипи своите дуели ги играат утре (недела).

Од денешните дуели од 32.коло од Премиер лигата: Арсенал – Бурнемут 1:2, Брентфорд – Евертон 2:2 и Барнли – Брајтон 0:2.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4