Connect with us

Фудбал

Милан поразен на Сан Сиро од Удинезе

Убедлив пораз претрпе екипата на Милан на домашен терен на денешниот натпревар од 32.коло од Серија А од Удинезе со 3:0. Ова е втор пораз за Милан, или трет на последните четири натпревари и со 63 бодови остана на третото место на табелата. Гостите од Удине се во серија од три натпревари без пораз со седум освоени бодови.

Изненандувањето беше најавено со автоголот на Давиде Бартесаги во 17.минута, а десет минути подоцна Јирген Екеленкамп зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Артур Ата во 71.минута.

На другите два дуела од денешната програма од Серија А: Каљари – Кремонезе 1:0 и Торино – Верона 2:1.

Вечерва се игра дуелот Аталанта – Јувентус.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1