Кошарка
НБА играчите го избраа играчот МВП на сезоната
На еден натпревар до завршувањето на регуларниот дел од НБА лигата, играчите во анонимна анкета спроведена од „Атлетик“ го избраа Шеј Гилџус-Александер од Оклахома Сити за добитник на МВП наградата. Во гласањето учествувале 159 кошаркари,а Гилџус-Александер добил 39% од гласовите.
На втората позиција е Никола Јокиќ од Денвер со 21,4% од гласовите.
Интересно е што третото место го поделија тројца играчи: Џејлен Браун (Бостон), Кејд Каникгем (Детроит) и Лука Дончиќ (ЛА Лејкерс) сите со 8,2% од гласовите.
Првиот на МВП листата Виктор Вембањама од Сан Антонио не успеа да влезе во изборот, ниту во ТОП 5 и се наоѓа на шестото место со 5% од гласовите.
април 11, 2026

