Connect with us

Фудбал

Вест Хем „го турна“ Тотенхем во зоната за испаѓање

Со убедливата победа од 4:0 против последнопласираниот Вулверхемптон, екипата на Вест Хем го мина на табелата Тотенхем и „го турна“ во зоната за испаѓање од Премиер лигата. Овој триумф може да значи голем мотив за Вест Хем во борбата за опстанок. Вест Хем сега има 32 бода, или два повеќе од Теотенхем, кој падна на 18.место на табелата.

Најзаслужни за победата беа Константинос Мавропанос и Тати Кастељанос, двајцата стрелци на два гола.

Вулверхемптон остана на дното на табелата и за оваа екипа останаа уште само теоретски шанси за опстанок, а доколку не победи следното коло ќе испадне од Премиер лигата.

Денеска и утре се играат по четири дуели од 32.коло од Премиер лигата, кое ќе биде комплетирано во понеделник. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2