Connect with us

Кошарка

Црвена Звезда обезбеди плеј-ин во Евролигата

Кошаркарите на белградска Црвена Звезда со гостинската победа 106:93 синоќа против француски Асвел Вилербан обезбедија пласман во доигрувањето од Евролигата (плеј-ин). Најдобри поединци кај победничката екипа беа Џаред Батлер и Џордан Нвора, двајцата постигнаа по 24 поени.

„Црвено-белите“ се во групата екипи од 7. место до 9. место заедно со Панатинаикос и Монако, кои имаат скор 21-16 (победи-порази), а зад нив на десетата позиција е Барселона со 20-17.

Теоретски овие екипи можат и до директен пласман во плеј-офот, но за тоа ќе биде потребно резултатите од последното коло да се поклопат. На пласман во плеј-офот се надева и Дубаи, но ќе мора да чека кикс на Барселона.

Резултати на синоќа одиграните дуели: Монако – Барселона 93:86, Дубаи – Анадолу Ефес 69:85, Виртус – Басконија 72:82, Партизан – Жалгирис 74:83 и Асвел Вилербан – Црвена Звезда 93:106.

Во последното коло играат: Асвел Вилербан – Фенербахче, Макаби Виртус, Олимпијакос – Милано, Партизан – Басконија, Реал Мадрид – Црвена Звезда (четврток), Жалгирис – Париз, Монако – Хапоел Тел Авив, Дубаи – Валенсија, Панатинаикос – Анадолу Ефес и Барселона – Баерн.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1