Општини
Гостивар празнично украсен за Велигден
Гостиварскиот плоштад е украсен со празнични орнаменти и декорации во пресрет на православниот празник Христовото воскресение – Велигден. Покрај улицата „Илинденска“ украси се поставени и на плоштадот околу храмот „Успение на Пресвета Богородица“.
Украсувањето е иницијатива на локалната самоуправа, која од неодамана започна да го разубавува градското централно подрачје во пресрет на верските празници.
На овој простор, претходно беа поставени украси и светилки за време муслиманскиот празник Рамазан и за новогодишните празници.
- На ваков начин сакаме да испратиме порака дека во нашиот град се почитуваат различностите, а соживотот и заедништвото на нашите граѓани да дојде до израз. Освен тоа, ова придонесува и во создавањето на празнична атмосфера, наведуваат од службата за информирање на општина Гостивар.


