Connect with us

Фудбал

Доминација на домашните екипи на првите дуели од 1/4 финалето на Конференциската лига

На четирите дуели од четвртфиналето од Конференциската лига одиграни синоќа домашните екипи остварија победи, а три завршија со ист резултат – 3:0. Во Лондон премиерлигашот Кристал Палас ја совлада италијанска Фиорентина, а стрелци на головите беа Жан-Филип Матета во 24.минута од пенал, Тајрик Мичел во 31.минута и Исмаила Сар во 90.минута.

Победи од 3:0 остварија Рајо Ваљекано против АЕК и Шахтјор против АЗ Алкмар, додека со резултат 2:0 заврши дуелот Мајнц – Стразбур со триумф на германскиот тим.

Реванш дуелите се играат на 16.април (четврток). 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4