Connect with us

Фудбал

Нико Ковач и следната сезона на клупата на Борусија Дортмунд

Хрватот Нико Ковач и следната сезона ќе седи на клупата на Борусија Дортмунд, потврди денеска спортскиот директор на бундеслигашот Ларс Рикен.

„Нема сомнение, Нико Ковач ќе остане наш тренер следната сезона. Тоа е, исто така. одлука на клубот“, рече Рикен, цитиран од германските медиуми.

„Ковач направи многу добри работи откако дојде кај нас. Не смееме да ја заборавиме минатата сезона кога нè водеше во Лигата на шампиони. Ќе ги почувствувавме големите последици ако не ја постигневме таа цел. После тоа, тој го засили тимот и нè смести на безбедно второ место во пласманот во Бундеслигата“, додаде Рикен.

На шест кола до крајот на актуелната сезона во Бундеслигата, Борусија е второпласирана со девет бодови помалку од водечкиот Баерн, но 11 повеќе од Лајпциг, кој е на третото место.

Педесетичетиригодишниот Ковач во јануари лани седна на клупата на Борусија (Д), откако претходно ги предводеше Ајнтрахт, Баерн и Волфсбург.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2