Connect with us

Општини

Мицковска: Светското училишно првенство во ракомет во Скопје е инспирација за младите спортисти и гордост за државата

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска смета дека добивањето на организација на Светско училишно првенство во ракомет е голема чест, но и одговорност.

-Организацијата на овој настан за нас како Федерација на училишен спорт е огромна чест, но и уште поголема одговорност. Да се биде домаќин на Светско училишно првенство значи дека Македонија е препознаена како сериозен партнер на меѓународната спортска сцена, особено во ракометот кој е и број еден спорт во Македонија. Би сакала да упатам голема благодарност до Министерството за спорт и до министерот Борко Ристовски кој првенствено верува во училишниот спорт ,дава безрезервна поддршка и во организација на овој училишен ракометен Мундијал. Верувам дека ова натпреварување ќе биде мотив и за сите млади спортисти да продолжат да работат, а ние сме тука да ги поддржиме и заеднички да градиме успешни спортски приказни, изјави Мицковска.

Таа е убедена дека натпреварите ќе ги инспирираат најмладите д апочнат да се занимаваат со ракомет и спорт воопшто.

-Ова не е само натпреварување, туку можност да инспирираме нови генерации, но и да создадеме нова база на спортисти. Спортот има уникатна моќ – обединува и сплотува. Младите спортисти ќе видат што значи да се биде дел на голема спортска сцена која ќе биде дополнителен мотив за да го засакаат ракометот.

Мицковска упати апел до сите љубители на спортот да дојдат на Свеченото отворање на 21 април.

-Ги повикувам сите вљубеници во спортот да дојдат на свеченото отварање на Плоштад Македонија кое ќе се одржи на 21 април и да ги поддржат младите спортисти, да им го дадат потребниот импулс и мотив. Само заедно обединети можеме да успееме.

Натпреварите ќе се играат во шест спортски сали во Скопје: СРЦ „Македонско сонце”, СРЦ „Архиепископ Доситеј”, СРЦ „Кочо Рацин”, СРЦ „Крсте Мисирков” и СРЦ „Антон Димитров”, додека финалните натпревари, ќе се одиграат на 28 април во спортската сала “Расадник„ кога ќе се одржи и свеченото затворање на првенството.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2