Фудбал
Слот: Ливерпул имаше среќа што загуби само со 2:0
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ги искажа впечатопците по синоќешниот пораз со ПСЖ.
Англискиот претставник на гостувањето во Париз во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите загуби со 2:0.
-Гледајќи го натпреварот како целина, мислам дека имавме среќа што загубивме со 2:0, бидејќи противникот имаше повеќе шанси отколку голови. Првиот гол беше особено тежок за прифаќање, бидејќи дотогаш не создадоа многу, а потоа топката влезе во мрежата по едно одбивање. После тоа, имаа многу шанси да постигнат повеќе. Секако, секогаш мислите дека можете да играте подобро и да го принудите противникот на грешки. Но, поголемиот дел од натпреварот, едноставно се обидувавме да преживееме. Имавме иста ситуација минатата сезона. Тие беа посилни, но ние не се предадовме. ПСЖ ни остави шанси во оваа пресметка со тоа што не направи поголема разлика на свој терен, изјави Слот.
Реваншот ќе се одржи на 14 април, на „Енфилд“ во Англија.
април 9, 2026

