Connect with us

Фудбал

Симеоне: Барселона е најдобриот тим во Европа, заедно со ПСЖ и Баерн

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја коментираше победата од 2:0 над Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Не мислев дека мојот тим Атлетико Мадрид, ќе славеше победа „Камп Ноу“. Многу е тешко. Тие се веројатно најдобриот тим во Европа, заедно со ПСЖ и Баерн. Благодарение на добрата тимска работа, успеавме да ги искористиме клучните моменти во натпреварот. Вториот гол ни даде самодоверба и штета е што не можевме да го зголемиме нашето водство понатаму. Можев да раскажам илјада приказни за натпревари во кои имавме 30 шутеви и не постигнавме гол. Убавината на фудбалот е што завршницата е клучот до успехот. Денес бевме неверојатно прецизни, но во другите денови, не толку многу, истакна Симеоне.

Тој говореше и за тактиката која ја спровел неговиот тим на теренот.

– Знаевме дека Барса е способна да создава со својата висока одбранбена линија. И работевме напорно на тоа. Беше тешко затоа што тие притискаат многу добро, одземајќи многу од вашето време. Резултатот беше добар, но ништо не е готово против тим каков што е Барселона, кој сигурно ќе нè испоти во вторник, истакна Симеоне.

Реваншот ќе се одржи во Мадрид на стадионот „Метрополитано“ на  14 април. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4