Connect with us

Општини

Јанчев: Милион денари за осветлување на пешачки премини и поголема безбедност во Кавадарци

Во тек се активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот во нашата општина. Започната е реализација на проектот за осветлување на пешачки премини во вредност од 1.000.000 денари, соопштија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Со овој проект предвидено е да се осветлат вкупно 20 пешачки премини: на улицата Илинденска – пет премини, на улиците Тиквешко востание, 7 Септември, кружен тек кај сала Партизан по три премини, два премина на булеварот Моша Пијаде, како и по еден на улиците Гоце Делчев, Народни херои, Страшо Пинџур и на Западен булевар кај Капела, информираа од кабинетот на градоначалникот.

Како што појаснија од градоначалничкиот кабинет, станува збор за премини што досега беа недоволно осветлени, а со поставување на современи ЛЕД- светилки, значително ќе се подобри видливоста и безбедноста на пешаците, особено во ноќни услови.

– Продолжуваме со инвестиции што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните, додадоа од кабинетот на Јанчев.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4