Connect with us

Општини

Меморандум за соработка на Општина Охрид со белградската Општина Стари град

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот фејсбук-профил соопшти дека во Белград потпишал Меморандум за соработка со белградската Општина Стари град.

Пецаков напиша дека Општина Охрид започнува ново поглавје на соработка, овојпат со општината што го претставува историското и културното срце на Белград.

„Ова претставува вовед во официјалното збратимување на нашите општини и отвора врати за размена на искуства во локалната самоуправа, културна соработка и промоција на заедничките вредности, проекти во образованието за нашите млади, развој на туризмот и поголема регионална поврзаност“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Тој изрази уверување дека оваа соработка ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните на двете општини и ќе послужи како пример дека заедничкиот напредок се гради преку силна меѓународна поддршка

Маркетинг
Ad 1
Ad 1