Connect with us

Кошарка

Белградското дерби од Евролигата за Партизан

Дерби дуелот од 35.коло од кошаркарската Евролига им припадна на кошаркарите на Партизан, кои славеа против соседот Црвена Звезда со 89:82. „Црно-белите“ беа подобар противник во текот на целиот натпревар и постојано го контролираа резултатот. Кај победничката екипа Карлик Џонс постигна 26 поени, а одлично прво полувреме имаше Стерлинг Браун со 22 поена. Кај поразениот тим Коди Милер-Мекинтајер постигна 24. Со овој пораз Црвена Звезда ги намали шансите за пласман во плеј офот.

Резултати на синоќешните дуели: Хапоел Тел Авив – Панатинаикос 92:88, Жалгирис – Барселона 83:71, Црвена Звезда – Партизан 82:89, Дубаи – Монако 101:91, Париз – Милано 103:93, Макаби – Анадолу Ефес 103:89.

Вечерва играат: Вилербан – Олимпијакос, Басконија – Реал Мадрид и Виртус Болоња – Валенсија.

Фенербахче и покрај серијата од три порази е лидер со 23-12 (победи-порази), пред Олимпијакос и Реал Мадрид кои имаат 22-12.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2