Кошарка
Нема промени во Евролигата за руските екипи, како и за тимовите од Израел и Дубаи
Генералниот директор на Евролигата Чус Буено најави сериозни промени во системот на натпреварување. Можно е зголемување на бројот на екипите, но сè ќе биде познато кон средината на месец април.
Тој се осврна и на политичките случувања, кои имаат директно влијание врз ова натпреварување.
„Не го менуваме ставот за екипите од Русија. Истото важи и за Израел и Дубаи, но ја следиме ситуацијата секојдневно“.
Првиот човек на Евролигата истакна дека очекува наскоро големите екипи Реал Мадрид и Фенербахче да ги потпишат договорите за продолжување на соработката со Евролигата.
март 30, 2026

