Connect with us

Кошарка

Суспензија за Лука Дончиќ

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ е суспендиран и ќе го пропушти следниот натпревар на неговиот тим. Причината за суспензијата е 16.та техничка грешка што ја доби сезонава што автоматски значи еден натпревар пауза.

Словенечкиот репрезентативец ќе го пропушти дуелот на неговиот тим против Вашингтон, а ќе може да игра против Кливленд. Тој техничката грешка број 16 ја доби на натпреварот со Бруклин во саботата, кога постигна 41 поен.

Инаку, Дончиќ и претходно имаше добиена една техничка грешка која му беше поништена. Воедно тој е играчот со најмногу технички грешки сезонава. Ист број има добиено и кошаркарот на Феникс Дилон Брукс, а по 12 имаат Дрејмон Грин од Голден Стејт и Ајзеја Стујарт од Бостон.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4