Вести
Средба на Мицкоски со германските амбасадори во регионот – економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка.
Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот Фејсбук профил, во која наведува дека во фокусот на разговорот биле економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за реализација на заеднички иницијативи во повеќе области од заемен интерес.

–Денеска во Владата одржавме средба со германските амбасадори во регионот, на која разговаравме за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Во фокусот беа економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за заеднички иницијативи во повеќе области од заемен интерес, стои во објавата.
Средбата, додава премиерот, претставува уште еден чекор кон зајакнување на односите со Сојузна Република Германија како наш стратешки партнер.
март 25, 2026

