Connect with us

Останати спортови

Четврто злато за Дуплантис со нов рекорд на светски првенства

Швеѓанецот Арманд Дуплантис ја освои титулата во скок со стап на Светското првенство во атлетика во сала кое се одржува во полскиот град Торун.

Дуплантис, кој минатата недела го собори светскиот рекорд по 15 пат во својата брилијантна кариера, не им остави никаква шанса на своите конкуренти и по четврти пат го освои златниот медал, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 6,25 метри, што е нов рекорд на светски атлетски првенства во сала.

Грчкиот атлетичар Емануел Каралис го освои среброто (6,05 метри), а Австралиецот Куртис Маршал се закити со бронзениот медал (6,00 метри).

Маркетинг
Ad 2
Ad 1