Фудбал
Бразил без Алисон против Франција и Хрватска
Првиот голман на бразилската репрезентација, Алисон Бекер, ќе ги пропушти претстојните пријателските натпревари против Франција и Хрватска, поради повреда, објави Бразилската фудбалска конфедерација.
Алисон беше на голот на Ливерпул во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Галатасарај во средата, но, потоа, наводно, се повредил на тренинг.
Бразилскиот селектор Карло Анчелоти го повика голманот на Коринтијанс, Уго Соуза, како замена за Алисон.
Бразил на 26 март во Бостон ќе игра против Франција, а на 31 март во Орландо против Хрватска


