Connect with us

Фудбал

Ветеранот Очоа се врати во репрезентацијата на Мексико

Селекторот на мексиканската фудбалска репрезентација, Хавиер Агире, го повика 40-годишниот голман Гиљермо Очоа за претстојните пријателски натпревари против Португалија и Белгија.

Очоа последен пат беше со мексиканската репрезентација на минатогодишниот Голд Куп, и му беше резерва на целиот турнир на Луис Малагон, кој минатата недела ја повреди Ахиловата тетива и ќе го пропушти претстојното Светско првенство.

Својот последен репрезентативен натпревар Очоа го одигра во ноември 2014 година кога Мексико загуби од Хондурас.

Фудбалерите на Мексико ќе бидат домаќини на Португалија на 28 март во Мексико Сити, а три денови подоцна ќе играат против Белгија во Чикаго.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4