Фудбал
Челзи не планира да го отпушти Росениор
Раководството на Челзи нема намера да го отпушти тренерот Лиам Росиниор, и покрај елиминацијата на лондонскиот клуб од Лигата на шампиони, објави весникот „Дејли меил“.
Според истиот извор, 41-годишниот Англичанец одржува одлични односи со раководството на Челзи и неговата позиција не е загрозена.
Росениор е во Челзи од јануари оваа година кога потпиша договор на шест и пол години.
Под негово водство, тимот победи на 10 од 18 натпревари, двапати одигра нерешено и шест пати загуби, а во Лигата на шампиони беше елиминиран во осминафиналето од актуелниот европски првак ПСЖ со вкупен резултат 2:8.


