Connect with us

Фудбал

Инфантино: Сакаме СП2026 да се одржи според планот, со Иран како учесник

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) сака Светското првенство да се одржи во САД, Канада и Мексико ова лето „како што е планирано и со сите репрезентации“.

По состанокот на својот Извршен комитет што денеска се одржа во седиштето во Цирих, ФИФА изрази желба „сите тимови што ќе учествуваат на Светското првенство да се натпреваруваат во духот на фер-плеј и меѓусебно почитување“.

„Го имаме распоредот и наскоро ќе имаме потврда за сите 48 репрезентации учеснички и сакаме натпреварувањето да се одржи како што е планирано“, соопшти ФИФА.

Нејзиниот претседател, Џани Инфантино, „повика на мир и ја потврди клучната улога на фудбалот во зближувањето на луѓето во овие времиња на постојани геополитички превирања“, без директно да ја спомене војната што САД и Израел ја водат против Иран.

Сепак, претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, во средата изјави дека неговата земја „ги бојкотира САД“, но „не и Светското првенство“, имплицитно инсистирајќи на поместување на нивните три натпревари во Мексико.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави дека нејзината земја е подготвена да биде домаќин на иранскиот тим, но ФИФА, од своја страна инсистира на оригиналниот распоред.

„Имаме распоред, сакаме Светското првенство да се одржи според планот“, рече Инфантино, додавајќи оти ФИФА нема да преземе какви и да е чекори во врска со жалбата на Фудбалската федерација на Палестина против Израел.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3