Ракомет
РФМ: Завршниот турнир во ракометниот Куп ќе се игра во Струмица
Завршниот турнир во битката за трофејот во Купот ќе се игра во Струмица, одлучи на денешната седница Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Пласман на фајнлфорот обезбедија бранителот на трофејот Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид.
Како што соопшти РФМ, терминот ќе биде од 17 до 19 април.
Воедно, Струмица ќе биде домаќин и на завршниот турнир во Купот на Македонија во женска конкуренција.
март 18, 2026

