Connect with us

Фудбал

Кременозе му врачи отказ на тренерот Никола

Италијанскиот фудбалски прволигаш Кремонезе го отпушти денеска тренерот Давиде Никола, по серијата од 15 натпревари без победа што го втурна тимот во зоната на испаѓање во Серија А.

– Кремонезе објавува дека Давиде Никола е разрешен од должноста главен тренер на првиот тим. Клубот изразува благодарност до тренерот и неговиот персонал за професионализмот и посветеноста што ја покажаа во нивната секојдневна работа откако пристигнаа во Кремона, објави италијанскиот тим.

Кремонезе ја почна сезоната се сензационален триумф на гостински терен над Милан од 2-1, но тимот е во серија од 15 натпревари без победа и се наоѓа на 18 место на табелата.

Според италијанските медиуми, се очекува Кремонезе за нов тренер да го назначи доскорешниот шеф на стручниот штаб на Лече, Марко Џампаоло, со договор од 18 месеци.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4