Connect with us

Ракомет

РК Вардар потпиша двегодишен договор со српскиот репрезентативен голман Бомаштар

Ракометниот клуб Вардар постигна договор со српскиот репрезентативен голман Милан Бомаштар (26 години). Тој од следната сезона ќе го засили црвено-црниот состав. Договорот е со важност од следната сезона и ќе трае две години.

Бомаштар има меѓународно искуство, а во Вардар доаѓа како дел од планот за дополнително зајакнување на голманската линија и зголемување на конкуренцијата во тимот за домашните и европските предизвици.

–  Вардар е еден од најдобрите клубови на Балканот и многу сум среќен што ќе бидам дел од таков клуб. Мислам дека ова е чекор повеќе во мојата кариера и дека многу ќе ми значи соработката со Марио Келентриќ, кој е еден од најдобрите тренери на голмани. Со нетрпение ја очекувам можноста да го бранам голот пред фантастичните навивачи на Вардар во салата „Јане Сандански“, познати како едни од најдобрите во Европа. Македонската лига во последните неколку години израсна во една од најјаките лиги на Балканот. Верувам дека со Вардар ќе ги освоиме сите домашни трофеи и дека во Европа ќе се покажеме во најдобро можно светло, изјави Бомаштар.

Во моментов тој е член на француски Шартр, а зад себе има интернационално искуство и во Шведска каде беше дел од Шевде, и од Шпанија каде бранеше за Адемар Леон. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4