Connect with us

Ракомет

Лазаров: Ќе пробаме некои работи кои ќе ни користат за баражот

Машката ракометна репрезентација денеска имаше собир во пресрет на мини подготовките за пријателскиот дуел со Австрија што се игра в сабота. Овој натпревар се игра во рамки на ЕХФ неделата.

–  Треба да бидеме задоволни што го избегнавме првиот бараж со квалитетниот настап на Европското. Имаме квалитетен противник, сигурно нема да одиме да загубиме, ама резултатот ќе биде во втор план. Ќе пробаме некои работи што би ги користеле во баражот во мај. Чекаме да видиме кој ќе ни биде противник за квалитетно да се подготвиме. Треба да се проба секој нов играч, а дел од отсутните побараа одмор, дел се повредени. Ќе имаме квалитетен противник на гостински терен, а Австрија е квалитетен тим и на посилни репрезентации им правеле проблеми, изјави селекторот Кирил Лазаров на прозивката.

Македонските ракометари во првиот бараж се слободни, а во месец мај за пласман на Светското првенство ќе играат со победникот од баражот меѓу Украина и Словачка.

Натпреварот Австрија – Македонија се игра во Брегенц во сабота со почеток во 18 часот.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4