Connect with us

Кошарка

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата

Кошаркарите на Црвена ѕвезда синоќа на свој терен го победија тимот на Фенербахче со 79:73. Клучната предност во триумфот над европскиот шампион „црвено-белите“ ја остварија во третата четвртина која заврши 28:14.

Ова беше натпревар од 31. коло од Евролигата по која белграѓани стигнаа до 18. победа.

Најефикасен во домашниот тим беше Монеке со 21 поен, во турскиот тим најмногу поени даде Болдвин – 16.

На другите две средби од Евролигата одиграни синоќа:

Барселона – Хапоел Тел-Авив 75:80

Милано – Макаби 96:87.

На табелата води Фенербахче со 22-8 (победи-порази), Олимпијакос, Реал Мадрид и Валенисја имаат биланс 20-11….

Маркетинг
Ad 3
Ad 4