Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер со висок пораз од Барселона ја заврши сезоната во ЛШ

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер загуби вечерва убедливо од Барселона на гостински терен со 47-27 во својот последен натпревар оваа сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).

Разликата во квалитетот беше очигледно на страната на Барселона која по почетното водство на Еурофарм Пелистер (2-1, 3-2), брзо ја презеде контролата на теренот и поведе со 11-6, а потоа и со 21-14, за на полувреме да има високи 24-15.

Во второто полувреме предноста на шпанскиот состав само растеше и на крајот достигна највисоки +20 голови разлика.

Еурофарм Пелистер го заврши настапот во елитното европско клупско натпреварување на претпоследното место во групата Б со две победи, исто толку нерешени и десет порази.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2