Connect with us

Општини

Во Битола се одржа манифестацијата „Убавината како став“

Советот за женско претприемништво формиран од Општина Битола, денеска ја одржа манифестацијата „Убавината како став“ посветена на жени претприемачи од индустријата за убавина, односно жени кои преку својата работа создаваат стил, самодоверба и нови можности. 

На јавната манифестација, учесниците имаа можност да се запознаат со успешни жени од секторот за убавина, да видат презентации во живо на нивните услуги и производи, да слушнат инспиративни приказни за претприемништво и да воспостават нови соработки и контакти.

Учесничките на манифестацијата ги посети и поздрави градоначалникот Тони Коњановски

Маркетинг
Ad 3
Ad 2