Connect with us

Општини

Сали: Силната локална самоуправа е клучен предуслов за успешна европска интеграција

Во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка од СИГМА/ОЕЦД и во присуство на претставници од Владата, ЗЕЛС и општините, денеска се одржа настан посветен на зајакнување на меѓуопштинската соработка (IMC) во Македонија, информираат од Министерството за европски прашања.

На настанот се обратил и првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, кој истакна дека силната локална самоуправа е клучен предуслов за успешна европска интеграција.

-Реформите не се случуваат само на централно ниво. Тие се спроведуваат во општините, таму каде што граѓаните најдиректно ги чувствуваат ефектите од јавните политики. Зајакнувањето на меѓуопштинската соработка значи поголема ефикасност, подобри услуги и зголемена способност за користење на европските фондови, нагласил министерот Сали.

Во рамки на настанот билепрезентирани активностите на Министерството за локална самоуправа за унапредување на IMC, како и добри практики од регионот и од земји-членки на ЕУ. Претставен беше и успешен пример на меѓуопштинска соработка од Македонија.

Владата, како што велат од МЕП, останува посветена на реформите во јавната администрација и јакнењето на капацитетите на локалната власт како дел од процесот на преговори со Европската Унија.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2