Connect with us

Општини

Во штипското медицинско училиште комеморација за Даме, Филип, Драган и Стефанија, кои пред една година ги загубија животите во „Пулс“

Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколова се ученици во Средното општинско училиште „Јане Сандански“-Штип кои на 16 март ги загубија своите животи во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Директорката на СОУ „Јане Сандански“-Штип, Марија Николиќ рече дека ова е момент на тишина, сеќавање и почит.

-Момент кога заедно докажуваме дека тие никогаш нема да бидат заборавени Даме, Филип, Драгана и Стефанија – рече Николиќ.

Нивните другарки, другари и професори со една минута молк им одадоа почит, а во чест на Даме, Филип, Драгана и Стефанија одржаа комеморација во средното медицинско училиште. Нивните соученици низ солзи, фотографии, спомени се сеќаваа на своите прерано починати другари и другарки. Секој од нив имал желба да биде лекар, заболекар и да го носи белиот мантил и да спасува човечки животи. На комеморацијата присуствуваа родителите на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Драгана Минова и Стефанија Соколова .

Комеморацијата заврши со песната „Срце“ од бендот ДНК, кои меѓу 15 и 16 март 2025 година имаа концерт во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во најголемата трагедија згаснаа 63 животи од Кочани, Чешиново-Облешево, Штип, Пробиштип, Виница, Скопје.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3