Фудбал
Ирак бара одложување на натпреварот од плејофот за Светското првенство поради ситуацијата во Иран
Селекторот на ирачката репрезентација, Греам Арнолд, побара од Светската фудбалска асоцијација да го одложи натпревар од плејофот за место на Светското првенство во 2026 година поради ситуацијата во Иран.
На крајот на март, ирачката репрезентација треба да игра во Мексико против победникот од натпреварот Боливија – Суринам.
– Ни треба најдобриот тим за најважниот натпревар во историјата на земјата во последните 40 години. Сега кога аеродромот е затворен, вложуваме максимални напори да најдеме алтернативен начин да стигнеме до Мексико. Според мене, доколку ФИФА го одложи натпреварот, ќе имавме време правилно да се подготвиме, изјави Арнолд за Ројтерс.
Светското првенство ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули.
март 9, 2026

