Connect with us

Фудбал

Киву за поразот од Милан: Интер играше под своето ниво во првото полувреме, можеше и требаше да направи повеќе

Тренерот на Интер, Кристијан Киву изрази незадоволство од начинот на којшто неговиот тим го одигра синоќешното дерби со Милан, особено во првото полувреме.

– Сè уште имаме 10 натпревари до крајот, треба да го искористиме моментумот што го создадовме. Игравме под нашето ниво во првото полувреме и примивме гол. По паузата во првите 20 минути создадовме неколку шанси. Се обидовме да наметнеме темпо, ја сменивме нашата формација, но не можевме да израмниме. Ни недостасуваше прецизност, а нивните одбранбени играчи постојано ги пресретнуваа нашите нафрлувања. Треба да продолжиме да го правиме она што го правевме досега. Против Милан можевме и требаше да направиме повеќе. Требаше да играме со поголем интензитет, изјави Киву по натпреварот.

До крајот на првенството остануваат 10 кола. Во следното коло, Интер ќе ја пречека Аталанта на 14 март, а Милан ќе игра против Лацио на гости на 15 март. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 1