Connect with us

Фудбал

Алегри: Интер останува јасен фаворит во Серија А

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри не се откажува од трката за шампионскиот трофеј во Серија А, но смета дека Интер е прв фаворит.

Милан синоќа го победи Интер со 1:0 и ја намали разликата на врвот на табелата на седум бода.

– Седум бодови е огромна предност. Последниот пат кога Милан ги доби двата дербија во лигата беше 2011 година. Се сеќавате како заврши таа сезона? Станавме шампиони. Но, сега Интер е седум бода понапред, што е огромна предност. Имаме 60 бода, држејќи ги Јувентус и Комо зад нас. Работевме шест месеци за да бидеме во врвна форма до март. Целиот тим се чувствува подобро и беше важно да освоиме бодови. Беше убаво што раководството беше присутно на натпреварот, но сè уште не сме постигнале ништо. Трчавме многу во првото полувреме, а во второто малку се повлековме и дозволивме неколку центаршутови, но немаше вистински шанси. Се браневме добро и создадовме неколку добри можности. Во меѓувреме, Интер останува јасен фаворит во првенството, изјави Алегри за „DAZN“.

До крајот на првенството остануваат 10 кола. Во следното коло, Интер ќе ја пречека Аталанта на 14 март, а Милан ќе игра против Лацио на гости на 15 март. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4