Фудбал
Слот: На секои три дена се чувствувам различно поради игрите на Ливерпул
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ги искажа впечатоците за победата од 3:1 над Вулверхемптон во осминафиналето на ФА Купот.
– Вулверхемптон имаше многу посед на топката, создаде една шанса и постигна еден гол, исто како и пред три дена. Создадовме повеќе шанси отколку во последниот натпревар и затоа успеавме да победиме денес. Робертсон е многу вреден играч. Прво, неговата игра, а второ, неговата личност. Ако треба да игра, секогаш влегува. На секои три дена се чувствувам поинаку. Пред три дена, моите чувства беа сосема поинакви отколку сега. Одлично е да се биде во четвртфиналето на ФА Купот, изјави Слот за „Би-би-си“.
Противникот на Ливерпул во четвртфиналето ќе биде одреден со жрепка.
март 8, 2026

