Општини
Програма за размена на студенти и научници во рамки на билатералната соработка помеѓу Македонија и Полска
Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2026/2027 година, реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и наука од страна на Полска ќе биде спроведена во рамките на Програмата за размена на студенти и научници, како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници (Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists – Zawacka NAWA Programme).
-Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2026/27 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно, за научноистражувачка пракса и за едносеместрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска. Стипендијата изнесува 1.800 PLN месечно за студенти, 2.500 PLN за истражувачи кои се на докторски студии и 3.500 PLN за истражувачи со докторат на науки. Почнувајќи од академската 2022/2023 година, NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+. Исто така, во прилог е понудата за македонски студенти и истражувачи, во рамките на Програмата за размена на студенти и истражувачи, како дел од билатералната соработка – Програма Zawacka NAWA. Како и секогаш, ги охрабруваме студентите и истражувачите од Република Северна Македонија да учествуваат и во други програми на NAWA, како што се Ulam NAWA и Banach NAWA, се наведува во објавата на Министерството за образование и наука.
Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации, може да се најдат на веб-страницата https://nawa.gov.pl/en/students/foreign-students и на https://nawa.gov.pl/en/international-cooperation-and-exchange/zawacka-nawa/incoming/offer-for-the-2026-2027-academic-year/call-for-applications
Понатамошниот процес на аплицирање ќе се одвива преку NAWA ICT системот. Апликацијата, заедно со потребните документи, треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, најдоцна до 15 април 2026.
Во објавата на МОН е достапен линкот за регистрација и контактите за повеќе информации.
март 7, 2026

