Connect with us

Економија

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Градежништвото повторно со двоцифрен раст – објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил и додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти.

– Раст од 14,6 отсто бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локалните патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6 отсто во градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година, што само ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти. Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст, и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21 отсто раст, а четвртиот квартал бележиме 14,6 отсто раст (и покрај зимскиот период, каде што, поради природните услови, градежните активности се намалуваат) – напиша Николоски.

Македонија, како што посочува вицепремиерот во објавата, е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде што градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст.

– Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 отсто, што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме. Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти – објави вицепремиерот Николоски. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3