Connect with us

Општини

Акција за чистење на дното на Охридското Езеро

Членовите на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид реализираше акција за чистење на дното на Охридско Езеро. Нуркачите од клубот овојпат чистеа на потегот од плажата кај Сараиште до Градското пристаниште.

„Благодарение на посветеноста на нуркачите, волонтерите и сите учесници, од дното на езерото беа отстранети значителни количини отпад, со што директно придонесовме за зачувување на природната убавина и биодиверзитетот на нашето езеро“, велат од „Амфора“.

Акцијата е поддржана од Општина Охрид. Со оваа акција го најавуваат проектот „ОХРИД ЕКО 2026″ што по петти пат ќе се одржи во мај, а е во рамки на меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад во кој покрај домашните ќе бидат вклучени нуркачи од целиот регион

Маркетинг
Ad 3
Ad 3