Connect with us

Општини

Општина Дојран организира јавна расправа за Планот за управување со Дојранското Езеро 2026–2035

Општина Дојран ќе организира јавна расправа по Предлог-планот за управување со Дојранско Езеро, како споменик на природата, за периодот 2026–2035 година.

Како што информираат од општината, јавната расправа ќе се одржи на 10 март со почеток во 11 часот, во салата на Советот на Општина Дојран. Истиот ден во општинските простории ќе биде презентиран и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Предлог-планот за управување со Споменикот на природата Дојранско Езеро (2026–2035).

Според агендата објавена на општинската веб страна, двата документи ќе ги презентира Здружението за одржлив развој „Милиеуконтакт Македонија”.

Од општината посочуваат дека забелешки и предлози по Предлог-планот може да се достават на самата јавна расправа или најдоцна 10 дена по нејзиното одржување, додека забелешки по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена ќе може да се доставуваат до 18 март.

Во Предлог-планот е наведено дека, согласно Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата, со заштитеното подрачје управува Општина Дојран како единствен субјект-управувач, а изработувач на документот е здружението „Милиеуконтакт Македонија” во партнерство со општината.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4