Connect with us

Општини

Јанчев: Во овие 100 дена започнавме проекти кои со години биле најавувани, а денес се реалност

Во овие 100 дена започнавме проекти кои со години биле најавувани, а денес се реалност. Реализиравме зафати што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните – од патна инфраструктура, урбано уредување, комунални услуги, до инвестиции во образованието, спортот и локалниот економски развој. Ова го истакна денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на отчетот за сработеното на почетокот од неговиот трет мандат. 

– Не зборуваме само за бројка. Не зборуваме само за 100 дена. Зборуваме за енергија што се чувствува на секоја улица, за динамика што се гледа на секое градилиште и за визија што го движи Кавадарци напред, сигурно, одлучно и достоинствено. Во изминатите 100 дена покажавме дека кога постои јасна визија, дисциплина во реализацијата и партнерство со граѓаните – резултатите не доаѓаат случајно, туку се создаваат, истакна градоначалникот. 

Тој додаде дека Кавадарци денес е препознаено како еден од најразвиените и економски најстабилни градови во државата – град со силен стопански потенцијал, модерна инфраструктура и амбиција што не познава граници.

Јанчев се осврна и на дел од поголемите капитални отпочнати и реализирани проекти – комплетна реконструкција на градскиот базен, доградбата на спортско-рекреативниот објект – затворен базен и спа центар, картинг зона и картинг центар, нова велосипедско пешачка патека Глишиќ – Марена, био пазар. 

– Во завршна фаза е Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост кој ќе располага со капацитет од 40 корисници. Вкупната вредност на проектот е 40.856.910 денари. Изградба на Јавна општинска установа за вон семејна социјална заштита на стари лица во општина Кавадарци, рече Јанчев. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1