Connect with us

Забава

Млада фока вратена во море откако „шетала“ на улица во грчкиот град Аркица

Млада фока во крајбрежниот град Аркица во централна Грција била пронајдена на улица во близина на пристаништето, а по брзата реакција на припадници на крајбрежната служба и жителите, кои добиле насоки и упатства од невладината организација „МОм“ за проучување и заштита на медитеранската фока, била безбедно вратена во море, јави дописничката на МИА од Атина.

Од МОм, преку социјалните мрежи објавија фотографија од медитеранската фока и коментираа дека вчера имале „неочекувано изненадување“.

– По телефонски повик од припадник на крајбрежната служба, бевме информирани дека една млада фока … шета по пат кај пристаништето на Аркица! Под водство на „МОм“ и со брзите постапки на крајбрежната служба и жителите од областа, малата истражувачка брзо и безбедно се врати во морето, информираа од „МОм“.

Објаснија дека ваквите случаи иако се ретки, сепак „потсетуваат колку се важни навременото информирање и соработката“.

Информираа дека при ваква „средби“ со медитеранска фока, граѓаните потребно е: да држат растојание, да не се обидуваат да ѝ се приближат или да ја преместат; да не ѝ истураат вода и да не ја хранат, но и веднаш да стапат во контакт со организацијата, бидејќи „правилната реакција може да направи голема разлика

Маркетинг
Ad 1
Ad 4