Connect with us

Забава

Пожарникари од Сицилија спасија 400 ретки книги по свлечиштето – библиотеката и натаму во опасност

Пожарникарите од Сицилија спасија околу 400 ретки книги од библиотеката во Нишеми, која се наоѓа на самиот раб на карпа погодена од масивно свлечиште. Објектот, во кој се чуваат околу 4.000 книги – меѓу нив и изданија од 16 век и ретки трудови за историјата на Сицилија пред 1830 година – по одронот останал делумно да виси во воздух. Свлечиштето, што се случило на 25 јануари, откорнало дел од падината и создало провалија долга четири километри. Поради опасноста, повеќе од 1.600 жители биле евакуирани од погоденото подрачје.

„Акцијата за спасување се одвивала во исклучително ризични услови. Пожарникарите внимателно влегувале во оштетената зграда низ пробиени ѕидови, ги прицврстувале полиците и ги извлекувале книгите користејќи дронови и ласерски сензори, кои ги следеле и најмалите поместувања на конструкцијата„, напиша британскиот дневен весник Д Гардијан

Покраинскиот командант на пожарникарите, Салваторе Кантале, ја опишал операцијата како исклучително напната.

-Беше како да изведувате грабеж на банка. Моравме да бидеме брзи и да спасиме што е можно повеќе, изјави тој.

И покрај успешно извлечените 400 книги, најголемиот дел од фондот сè уште се наоѓа во подрумот на библиотеката, кој се смета за најопасен дел од објектот. Надлежните власти разгледуваат можност да се продолжи евакуацијата на преостанатите книги без да се загрозат човечки животи. Геолозите предупредуваат дека постои реална опасност зградата целосно да „се лизне“ по падината во еден блок. Според нив, таков тек на настаните би можел парадоксално да го олесни пристапот до книгите, но ризикот од целосно уништување на објектот и понатаму е сериозен. Во меѓувреме, локалните власти и службите за итни интервенции продолжуваат да ја следат состојбата на терен, додека жителите на Нишеми остануваат надвор од своите домови поради безбедносни причини

Маркетинг
Ad 1
Ad 2