Connect with us

Кошарка

Хап пред дуелот со Луксембург: Фокусот да биде на нашата игра, и да бидеме спремни да дадеме 100% од себе

Американецот со македонски пасош Етан Хап ги искажа своите очекување за утрешниот натпревар со Луксембург.

– Прекрасно е да се вратам, и да бидам дел од репрезентацијата. Има некои од соиграчите од претходниот пат, со кои бев во тимот. Па затоа сум среќен што се вратив и сум заедно со тие момци. А и новите соиграчи се многу пријателски расположени кон мене, и многу отворени. Сметам дека имаме навистина добри таленти во овој тим Тренерот најдобро знае што треба, а ние треба само да се грижиме и да ги следиме неговите упатства. Фокусот да биде на нашата игра, и да бидеме спремни да дадеме 100% од себе, изјави Хап.

Во изминатите два циклуси кошаркар „странец“ во македонската репрезентација беше Џејкоб Вајли, прво во претквалификациите за Светскиот Куп, потоа и стартот на претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Луксембург, исто како и македонската репрезентација, запиша две стартни победи против исти ривали, Азербејџан и Ирска.

Натпреварот ќе се игра утревечер од 18 часот во салата „Градски парк“ во Скопје. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 1