Connect with us

Кошарка

Петков: Верувам дека ќе изгледаме добро и дека ќе го победиме Луксембург

Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација, марин Петков е оптимистички расположен во пресрет на петочниот дуел со Луксембург.

– Нормално, очекуваме да победиме. Знаеме дека Луксембург е добра репрезентација, како и ние, имаат две победи во првиот круг, Така што победата е доста важна. Интересно е на тренинзите, системот е сличен, но и различен. Овие два-три дена поставивме некои планови за игра во одбрана и планови за играта во нападот. Мислам дека на секоја репрезентација би и одговарал шпанскиот стил на игра. Се знае дека Шпанците се една од подобрите кошаркарски земји. заедно со САД и Србија. Оттука, стилот на игра сигурно е дека ќе изгледа добро, дека ние ќе изгледаме добро. И секако, одиме на победа, изјави Петков.

Тој беше дел до националниот тим во оние претквалификации за Светскиот куп 2027 година.

Во февруарскиот ФИБА „прозорец“ македонската репрезентација ќе одигра два натпревара, кои се дел од програмата од групата „А“, од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Првиот, в петок навечер (од 18 часот), против селекцијата на Луксембург, во комплетно реновираната сала во „Градски парк“ во Скопје.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3